Јавен повик за жени претприемачи
Водиш сопствен бизнис или си на почетокот на својот претприемачки пат? Оваа програма е за тебе!
Алијансата за родова еднаквост на работното место (GEA), со поддршка од Град Скопје и во партнерство со Халкбанк, отвора повик за учество во „Women Grow Digital: AI, Growth & Finance Masterclass“.
Избраните 25–30 учеснички ќе добијат можност да учествуваат на бесплатен, еднодневен практичен мастерклас посветен на три важни области за развојот на секој бизнис:
Дигитален маркетинг и раст – како да ја зголемиш видливоста и да привлечеш повеќе клиенти
AI за бизнис – како практично да ги користиш AI алатките во секојдневното работење
Пристап до финансии – кои можности за финансирање и поддршка ти се достапни за следниот чекор во развојот на бизнисот.
Покрај практичните знаења и вмрежувањето со други претприемачки и експерти, дел од учесничките ќе добијат можност да ги претстават своите бизниси во рамки на дигиталната кампања „Жени кои го движат бизнисот“.
Рок за аплицирање: 16 октомври 2026, до 23:59 часот
Програмата е наменета за жени претприемачи од Скопје
Учеството е целосно бесплатно, со задолжителна апликација и процес на селекција
Прочитај повеќе и аплицирај на линкот во bio
Направи го следниот чекор за твојот бизнис!