Фустани со џебови – Моника Крстевска и Маја Стојановска
По големиот успех на претходните изданија, Халкбанк со гордост го претставува третото продолжение на кампањата Фустани со џебови— иницијатива која и оваа година го става женското претприемништво во прв план.
Во свет исполнет со брзина, обврски и технологија, две другарки одлучија да создадат нешто што го враќа фокусот кон суштинските вредности: блискоста, креативноста и поврзаноста со природата. Моника Крстевска и Маја Стојановска се ко-сопственички на „Ѕуница“ – македонски бренд кој креира мултифункционални еко подлоги и едукативни производи за деца, инспирирани од мајчинството и личните искуства. Во рамки на кампањата „Фустани со џебови 3“ на Халкбанк, разговараме со нив за претприемништвото, екологијата, значењето на женската независност и детскиот развој преку допир, игра и љубопитност.
Прочитајте повеќе на portret.digital
Продукција: Портрет
Фотографија: @ammar.fejzullahu @velkowsky