Фустани до џебови 2.0
Како дел од мисијата за женска, финансиска слобода и оваа година може да си купите фустан од креативната кампања ,,Фустани до џебови 2.0″. Дизајнерите Јована Филиповиќ, Марјан Бебекоски, Ирина Тошева и Наталија Терзија изработија уникатни креации кои може да ги купите на portret.digital.
Средствата од продажбата на фустаните во целост ќе се донираат во Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство за помош на жени од ранливи социјални категории.