Интервентен Женски Фонд
Halkbank AD Skopje донираше 10.000 евра за Интервентниот женски фонд на Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство.
Со иницијативата „Трансакција за храброст“, донацијата ќе обезбеди итна поддршка за жени жртви на насилство и ќе помогне повеќе жени да добијат безбеден почеток без насилство.
Со оваа донација Халк Банка покажува вистинска општествена одговорност и поставува силен пример како приватниот сектор може активно да придонесе за поддршка на жените и борбата против насилството.