Кон пријавата
HalkWomen Хакатон

четврток, 19 ноември 2026

Пријави се
Постер: Хакатон за жени претприемачки, 19 ноември, Халкбанк АД Скопје, Централа, од 9:30 до 13:00
  • Датум четврток, 19 ноември 2026
  • Време 9:30 – 13:00 3 и пол часа
  • Место ул. Водњанска бр. 1/2 1000 Скопје
  • Формат Во живо, во тим без техничко знаење

Халкбанк и Women in Tech Macedonia

Покана

Драга,

Покана за хакатонот на кој ја градиме HalkWomen.mk.

Имаш свој бизнис или сонуваш да основаш? Знаеш колку прашања се отвораат на тој пат. Како да обезбедиш финансии? Каде да го регистрираш бизнисот? Како да најдеш први клиенти? Одговорите ги бараш на десет различни места.

Халкбанк и Women in Tech Macedonia го менуваат тоа. Заедно ја градиме HalkWomen.mk, платформа на која на едно место ќе најдеш практично знаење, експертска поддршка, менторство и можности за раст.

Ајде да ја градиме оваа платформа заедно.

Те покануваме на Хакатонот на 19 ноември, од 9:30 до 13:00, во Дирекција на Халкбанк АД Скопје, ул. Водњанска бр. 1/2. Таму ќе работиш во тим со жени претприемачки и експертки. Заедно ќе ги дефинираме проблемите со кои се соочуваме и ќе предложиме решенија што платформата треба да ги понуди.

Кого бараме

Не ти треба техничко знаење. Ти треба твоето искуство.

01

Ако веќе водиш бизнис

Ти ги знаеш препреките од прва рака. Твојата приказна ќе ѝ помогне на следната жена да ги заобиколи.

02

Ако допрва планираш

Ти најдобро знаеш што ти недостасува. Твоите прашања ќе ја обликуваат платформата.

Пред пријавата

За учеството

Платформа, не само настан

HalkWomen.mk е дигитална платформа за едукација на жените, развој на вештини, иновации и учество во претприемништвото и технологијата. Хакатонот е дел од неа: тука носиш идеи и искуство, заедно со пристапот до курсеви и материјали.

Кој ја води и со што се согласуваш

Ја организираат Халкбанк АД Скопје и Women in Tech Macedonia. Со пријавата се согласуваш со условите за користење и со политиката за приватност. Ако не се согласуваш, не ја испраќај пријавата.

Што добиваш

Учеството на хакатонот е можност да ја претвориш својата идеја во конкретно решение, да стекнеш практично искуство и да развиеш нови вештини. Ќе имаш можност да работиш во тим, да разменуваш идеи, да учиш од ментори и експерти, да запознаеш нови луѓе и да создадеш контакти што можат да отворат врати за идни соработки. Дополнително, ќе можеш да ја презентираш својата идеја, да добиеш признание за својот труд и да освоиш награди.

Услови за оваа активност

Хакатонот е наменет за секоја жена на возраст од 18 години па нагоре, која има идеи, сака да размислува креативно, да решава проблеми и да придонесува кон создавање позитивни промени. Не е потребно претходно искуство со хакатони. Без разлика на професионалното искуство или образованието, секоја жена со идеја и желба да направи промена е добредојдена да учествува.

За Хакатонот

  1. 9:30

    Регистрација и запознавање на учесниците

  2. 10:00

    Дефинирање на проблеми и прашања

  3. 11:00

    Креирање тимови

  4. 12:00

    Предлог решенија

  5. 13:00

    Споделување решенија

Локација

Каде се гледаме

Настанот е во живо, во просториите на Дирекцијата. Не е онлајн.

Дирекција на Халкбанк АД Скопје ул. Водњанска бр. 1/2 1000 Скопје
  • четврток, 19 ноември 2026
  • од 9:30 до 13:00
Отвори ја картата

Местата се ограничени

Да ја создадеме заедно поддршката што ни треба.

Пријави се навреме. Организаторот ја потврдува поканата.

Пријави учество

Халкбанк. Важни се луѓето.

Контакт

За да го потврдиме местото.

За твојата идеја

Нема точен или погрешен одговор.

Во која фаза си? *
За твојот бизнис или бизнис-идеја

Кај прашањата со повеќе одговори, избери го она што најмногу одговара.

Во кое поле дејствува или сакаш да дејствува твојот бизнис?
Колку години искуство имаш за твојот бизнис или бизнис-идеја? *
Со кои предизвици се соочуваш или очекуваш да се соочиш? *

Избери го најголемиот.

Каде денес бараш информации за бизнисот или твојата бизнис-идеја? *

Избери го она што најчесто го користиш.

Што би сакала да најдеш на HalkWomen.mk? *

Избери го она што ти е најпотребно.

Учество на хакатонот

Не ти треба презентација однапред.

Дали би ја споделила својата приказна на хакатонот? *

Знаење, нетворкинг, менторство или нешто друго.

Пристапност, исхрана и слично. Ако немаш, остави празно.

Согласност *

Политика за приватностУслови за користење

Полињата со * се задолжителни.