Претприемништво Финансии
Финансиска едукација за претприемачи
Teacher

Marko Paloski

Last Update:

октомври 6, 2026

Review:
4.25(4)

За обуката

Научи како правилно да управуваш со финансиите и да донесуваш информирани финансиски одлуки за развој и одржливост на твојот бизнис.

Оваа обука ги опфаќа основите на финансиското управување, планирањето на приходи и расходи, управувањето со готовинскиот тек, буџетирањето и следењето на финансиските резултати. Ќе научиш како да ги препознаваш финансиските ризици, да ги анализираш клучните показатели и подобро да го планираш растот на твојот бизнис.

Обуката е наменета за претприемачи и сопственици на мали и средни бизниси кои сакаат да стекнат практични знаења и поголема сигурност при носењето финансиски одлуки.

По завршувањето на обуката ќе можеш да:

  • Ги разбираш основните финансиски поими и извештаи
  • Креираш и следиш буџет за твојот бизнис
  • Го планираш и контролираш готовинскиот тек
  • Ги анализираш приходите, трошоците и профитабилноста
  • Препознаваш финансиски ризици и можности
  • Донесуваш подобри одлуки врз основа на финансиски податоци
  • Планираш финансиски цели и одржлив раст на бизнисот
Прикажи повеќе

Што ќе научите?

  • Ќе ги разберете основите на финансиското управување и најважните финансиски поими.
  • Ќе научите како да креирате и управувате со буџет за вашиот бизнис.
  • Ќе научите како правилно да ги следите приходите, трошоците и готовинскиот тек.
  • Ќе научите да ги разбирате основните финансиски извештаи и показатели.
  • Ќе можете да донесувате поинформирани деловни одлуки врз основа на финансиски податоци.
  • Ќе научите како да ги препознавате и управувате со финансиските ризици.
  • Ќе се запознаете со можностите за финансирање и финансиско планирање на растот на бизнисот.
  • Ќе креирате практичен финансиски план кој можете да го примените во вашиот бизнис.

Содржина на обуката

Вовед во курсот и упатсво за користење на платформата
Во овој модул ќе се запознаеш со обуката, начинот на користење на платформата и основните правила за учество. Ќе најдеш практично упатство за навигација низ платформата, информации за етичко однесување и учество во обуката, како и краток вовед во содржината и целите на курсот. Исто така, ќе имаш можност да ги запознаеш предавачите и да дознаеш повеќе за нивното искуство и експертиза.

  • Упатство за користење на платформата
    07:00
  • Упатство за етичко однесување
    07:00
  • Вовед во обуката
    00:00
  • Запознај ги Предавачите
    00:00

Модул 1: Основи на финансиското управување
Во овој модул ќе ги запознаеш основните принципи на финансиското управување и нивното значење за секој бизнис. Ќе научиш како правилното следење на финансиите може да ти помогне да носиш подобри одлуки и да создадеш стабилна основа за развој на бизнисот.

Модул 2: Буџетирање и финансиско планирање
Добриот финансиски план му овозможува на претприемачот однапред да ги предвиди приходите, трошоците и потребите на бизнисот. Во овој модул ќе научиш како да креираш реален буџет, да поставуваш финансиски цели и редовно да го следиш остварувањето на планот.

Модул 3: Управување со готовински тек
Позитивниот готовински тек е клучен за секојдневното функционирање на бизнисот. Во овој модул ќе научиш како да ги следиш приливите и одливите на средства, да ја планираш ликвидноста и навремено да препознаеш потенцијални проблеми со готовината.

Модул 4: Финансиска анализа и донесување одлуки
Финансиските податоци се важна основа за носење информирани деловни одлуки. Во овој модул ќе научиш како да ги читаш финансиските извештаи, да ги анализираш клучните показатели и да ги користиш информациите за подобро планирање на идните активности.

Модул 5: Финансиски раст, ризици и одржливост
Финансиската стабилност е основа за долгорочен раст и одржливост на секој бизнис. Во овој модул ќе се запознаеш со можностите за финансирање, управувањето со финансиските ризици и начините за долгорочно финансиско планирање.

Earn a certificate

Add this certificate to your resume to demonstrate your skills & increase your chances of getting noticed.

selected template
Free
Free access this course
  • Instructor
    Marko Paloski
  • Language
    English

Payment :

img

Публика

  • Обуката е наменета за сите претприемачи, сопственици на бизниси и лица кои се заинтересирани за претприемништво и развој на сопствен бизнис. Особено е наменета за жени кои сакаат да го унапредат своето финансиско знаење, да стекнат поголема сигурност при носењето деловни одлуки и успешно да управуваат и развиваат сопствен бизнис. Не е потребно претходно напредно финансиско знаење содржината е практична и разбирлива и за почетници.

Want to receive push notifications for all major on-site activities?

✕